Фудбал
28. јуни 2017 - 18:54

Османи: Специјално се подготвувавме за европските настапи

Фудбалерите на Шкендија утре во Струмица во рамките на првото квалификациско коло за Лига Европа ја пречекуваат молдавската екипа Дачија. 

Тетовци минатата година го имаа најуспешниот настап  и сметаат дека и оваа имаат обврска достојно да се претстават во Европа:
„Максимално сме подготвени за надигрување со Дачија. Играчите се  физички и психолошки подготвени за тоа што ги очекува во Европа ова лето. Добро го анализиравме противникот. Дачија воопшто не е за потценување, но ние веруваме во нашите квалитети. Хендикеп за нас е што не играме на домашен терен во Тетово, но, искрено верувам дека и во Струмица ќе бидат полни трибини и ќе добиеме максимална поддршка и од нашите навивачи и од сите искрени љубители на фудбалот", вели Османи.
Средбата во Струмица се игра со почеток во 18ч додека реваншот е на 6. јули во Кишињев.