Македонија
24. July 2017 - 16:19

Османи: Нема генерален реизбор на судии, Законот за јазиците деновиве на влада

Нема генерален реизбор на судиите во Македонија. Погрешна била интерпретацијата дека Владата или политичките партии ќе бараат распуштање на сите судии, а потоа избор на судии. Моделот по кој ќе се реформира судствоТО се уште не точно утврден и доправа ќе се надополнува со предлози од судската и обвинителската фела. Ова го тврди вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на првиот состанок со претставници на судиите и обвинителите за реформите во правосудството согласно владиниот план 3-6-9.

„Консензулен е ставот на Владата, ЕК, на Венецијанската комисија, Греко дека се неопходни суштински реформи во судството, меѓутоа интерпретацијата дека владата или политичките партии ќе прават генерален реизбор е погрешна интерпретација. Политиката нема да се меша во судството ниту пак ке прави реизбор на судии“, изјави вицепремиерот Османи.

Вицепремиерот вели дека судскиот совет ќе биде тој кој што ќе ја цени квалитативната и квантитативната работа на судиите и дека тој е оној кој бара и ќе ги санкционира судиите кои се огрешиле.

Во предизборието премиерот Заев најавуваше целосен реизбор а ваквата политика е впишана и во партиската програма „За живот“ во која стои-  „Гарантираме целосен реизбор во судството“

Поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на правосудството и човековите права се едни од најтешките за преговори со Унијата. Од 73 мерки предвидени во 3-6-9 планот, 13 се однесуваат на судството. Целта на денешниот состанок беше како што нагласи Османи да се чујат предлозите и мислењата на Судскиот совет, Советот на јавните обвинители и здруженијата на судиите и на обвинителите.

„Во министерството веќе има формирано Совет за следење на реформите во правосудството и формирани се работни групи за ревизија и анализа и донесување на Стратегија за правосудство која ќе биде донесена од Владата некаде во октомври“, изјави Билен Саљији.

Османи, потврди дека наскоро во собраниска процедура ќе влезе и Законот за јазици кој е дел од постизборната Декларацијата на албанските партии, а исто е дел од 3-6-9 планот.

„Мислам дека не затоа што тие имаа јавен став дека ќе го сменат односот кон албанската заедница затоа што констатирале во партијата дека имале погрешен пристап. Ние сметаме дека ова е идеална можност да ВМРО-ДПМНЕ го коригира ставот и заеднички со консензус го донесеме законот за јазици. Такво чувство имаме добиено од јавните ставови на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Османи

Тој посочи дека во наредните денови предлогот законот ќе се најде во Владата, а потоа веднаш и пред пратениците. Османи вели дека очекува законот да биде гласан и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.