Македонија
18. December 2017 - 17:17

Османи не ги прифаѓа забелешките за имплементацијата на судските реформи

Вицепремиерот за евроинтегргации смета дека Советот за судски реформи има сериозна улога во реформскиот процес. Османи ги отфрли критиките дека Советот претставува само декор на Владата и министерството за правда. Токму ова тело ја изготви  стратегијата за правосудните реформи за која Европската Комисија даде зелено светло и според која сега се превземаат акциони планови, потенцира Осамани. За него оставките во Советот се  индивидуален чин.

Пред десетина дена оставка од Советот за судски реформи поднесе професор Гордан Калајџиев. Во интевју за Миа тој посочи дека  советот е маргинализиран, се свикува ретко, а на дневен ред се поставуваат прашања по избор на министерството.  Оставка најави и професорката Мирјана Најчевска, а критики за тоа како функционира  советот упати и надворешниот експерт на ова тело професор  Фрчковски.  За утре во министерството за правда е  закажан состанок на членовите на Советот со Министерот на кој нтреба да се разчистат недоразбирањата. Инаку Советот е замислен како тело кое треба да врши надзор и дава мислења за реформите и законите во правосудството, но  може и да иницира прашања и да покренува идеи за промени.  Основањето на  советот е дел од реформскиот план на Владата 3-6-9.