Македонија
14. July 2017 - 18:12

Османи на средба со ДСКС за планот 3-6-9

Државната комисија за спречување на корупција, будно ќе го следи процесот на одржување на локалните избори.. Поставување јасна граница меѓу работата на државните институции и партиите, можните злоупотреби на функционерите, користење на државните ресурси во текот на капањата – откривање на овие активности ќе биде главна цел во работењето на антикорупционерите пред и за време на одржувањето на изборите..

-Комисијата работи согласно законите без политички влијанија и можам да гарантирам дека ДКСК работи сосема независно и согласно законот за спречување на корупција и законот за судир на интереси, вели Игор Тантуровски, Претседател на ДКСК.

Засилениот надзор за можни злоупотреби на државните институции во пресрет на локалните избори е дел од владиниот план за подобрување на евроинтеграциите..

-Борбата против корупција е процес во кој што треба сите да сме вклучени, значи не може една институција да биде гарант на успешноста на тој процес. Треба секоја институција, секој во општествотот да биде вклучен во тој процес, вели Бујар ОСмани, Вицепремиер за европски прашања.

Освен следење на изборниот процес, во следниот период антикорупционерите ќе работат и на случаите покренати во последните пет години а се работат според форматот на Европската комисија..