Македонија
4. January 2018 - 16:12

Османи: Бугарското претседателство е шанса за Македонија

Вицепремиерот Бујар Османи очекува напредок на евроинтегративниот процес во  наредниот период, во кој со  Унијата претседава соседна Бугарија.  Тој апелира до опозицијата да го препознае овој историски момент и да соработува во остварување на владината агенда 3-6-9 со цел во следните шест месеци  земјата да  добие безусловна препорака

Препораката мегу другото ке зависи и од добрососедските односи, потенцира Османи. Тој, во таа насока,  очекува брза ратификација на договорот за доброседство со Бугарија во македонското собрание, а истиот веќе е ратификуван и во бугарскиот парламент. Што  се однесува до прашањето за името, вицепремиерот вели дека е добро што двете страни комуницираат и градат мостови за решавање на проблемот. Тој не сакаше да прецизира дали ке има рефендум откако преговарачките страни ќе дојдат до заедничко решение.

Бугарскиот амсадор Иван Петков по неформалната средба со Османи, најави дека наскоро пред македонските пратеници ќе ги соопшти приоритети на бугарското претседавање со ЕУ, за кое Софија милува да каже дека пред се е балканско.