Свет
23. March 2018 - 13:30

Ослободени заложници од супермаркет во јужна Франција

Ослободени се заложниците од супермаркет во градот Треб во јужна Франција. Во објектот останал само човекот кој го извршил нападот и еден полицаец, јавија локални медиуми цитирајќи го градоначалникот.

АФП јави дека најмалку две лица се убиени во нападот. 

Првично беше објавено за осуммина заложници.

Претходно, маж кој тврди дека е од ИД зеде заложници во супермаркет во Треб.

Францускиот премиер Едуар Филип ја овкалификува ситуацијата како „сериозна“. Кон градот се упатил и министерот за внатрешни работи Жерар Колон.