Ослободени двајцата турски новинари обвинети за издавање државни тајни
Главниот уредник на угледниот турски весник „Џумхуриет“, Џан Дундар и шефот на дописништвото во Анкара, Ердем Ѓул се пуштени денеска од затворот во Истанбул, каде го очекуваа судење за издавање државни тајни.
Двајцата новинари беа уапсени во ноември минатата година, откако „Џумхуриет“ објави напис за тоа дека Турција тајно им префрла оружје и муниција на исламистите во Сирија, кои се борат да го соборат од власт сирискиот претседател Башар ал Асад, а дека во таквите операции помага и турската тајна служба.
Информациите за мешањето на турските власти во граѓанската војна во Сирија на страната на исламистите претходно ги објавија и некои странски агенции и весници, повикувајќи се на инцидентот на турско-сириската граница кога турските цариници открија сандаци со оружје во камиони кои превезуваат хуманитарна помош за сириското население.
Двајцата новинари на „Џумхуриет“ беа обвинети дека „издале државна тајна“ и тие на 25 март требаше да бидат изведен пред суд.
Уставниот суд на Турција, меѓутоа, ги отфрли ваквите обвинувања , пресудувајќи дека станува збор за „насилство врз медиумите и врз изразувањето“ и нареди ослободување на Дундар и Ѓул.
Турските медиуми јавуваат дека пред затворот Силван во Истанбул денеска се собрале голема маса луѓе за да ги поздрават новинарите при нивното излегување на слобода, означувајќи го тоа како „победа на слободата на печатот“.
Турција е на неславното 149 место од вкупно 180 рангирани земји во светот според слободите на медиумите.
Во турските затвори сега се наоѓаат 30 новинари, најголемиот број од нив во курдските реони на земјата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација