Ослободен шведски државјанин кој беше киднапиран од Ал Каеда пред шест години
Шведскиот државјанин Јохан Густавсон ( 42), кој се наоѓаше во заточеништво во Мали, во Африка, од 2011 година, е ослободен, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Шведска.
Во соопштението се вели дека тој веке се наоѓа на пат за дома.
Густавсон беше киднапиран и одведен во непознат правец од припадниците на милитантната, исламистичка група Ал Каеда во исламистички Магреб, заедно со уште две други лица.
Едниот од нив, холандски државјанин, беше ослободен со интервенција на француските специјалци во 2015 година.
Шведскиот министер за надворешни работи Маргот Валстром изјави во Стокхолм дека ослободениот Густавсон се наоѓа во „добра духовна состојба“, но одби да дава повеќе детали за неговиот случај.
Таа само рекла дека неговото ослободување е резултат на интензивните напори и соработката на шведската дипломатија, полицијата и странските власти.
Француските специјални сили покренаа во 2013 година операции за откривање и елиминација на африканската Ал Каеда на територијата на Мали.
Повеќемина западни државјани беа киднапирани и одведени како заложници пред истоварувањето на француските трупи.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари