Македонија
24. November 2017 - 13:45

Оружен грабеж во продавница во Кисела Јабука

Две непознати лица вооружени со пиштоли вчера извршиле грабеж во продавница во населеното место Кисела Јабука во Скопје.

Како што информира МВР,  вооружените лица во 21:30 часот влегле во продавницата „Ман Трејд“ на улица „84“ и со закана од вработената С.Д. (54) и нејзиниот сопруг С.Д.(56), кој го удриле со рачка од пиштол, одзеле околу 30.000 денари.  

Извршен е увид на местото на настанот, а С.Д. е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“.