Балкан
12. December 2017 - 12:59

Оркански ветер направи хаос во регионот: Летаа покриви, се корнеа дрвја, вонредна состојба на патиштата поради одрони

Поради силните удари од ветер на подрачјето на БиХ, на сила е вонредна состојба на регионалниот пат Р-414 Скендер Вакуф-Бањалука, па на ова делница не се препорачува движење.

Силните удари од ветер се забележани и на останатите патишта во БиХ, а посебно на делниците во планинските предели.

БИХАМК возачите предупредува на можноста од паѓање на стебла како и зачестени одрони од земја или камења на коловозот.

На патниот правез Прозор - Горњи Вакуф/ Ускопље видливоста е смалена поради магла. Се советува на максимално внимателно возење и се потсетува дека поседувањето на зимска опрема законски е обврзувачко.

Според информациите од Хидрометеролошкиот завод ударите на ветрот на подрачјето на Бањалука во текот на ноќта биле и до 100 километри на час, а моментално се о0колу 60 до 70 километри на час.

Унско- санскиот кантон синоќа беше зафатен од големо невреме.

Силниот ветер корнел стебла во Зворник, а ги соголувал и покривите од куќите.

Во Бихаќ ветрот го однел покривот од еден приватен објект. Во таа прилика се оштетени неколку паркирани возила пред објектот.