Македонија
10. August 2016 - 16:38

„Орка Холдинг“ преку фондацијата „Илија Камчев“ донираше 3 милиони денари

Компанијата „Орка Холдинг“ АД Скопје и фондацијата „Илија Камчев“ ќе донирираат три милиони денари за настраданите во поплавените подрачја.

Од компанијата информираат дека еден милион од средствата ќе бидат донирани на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот Крст на Република Македонија, додека останатиот дел од донацијата во вредност од два милиони денари компанијата ќе биде насочана директно на лицата чии домови претрпеа штети од поплавите, а се вработени во компаниите на „Орка Холдинг“.