Оризот во фаза на класење
Високите температури и оптималните количини вода за наводнување, според земјоделските стручњаци, овозможија оризовата култура одлично да напредува и успешно да ги помине вегетативние фази.
Од почетокот на август оризот е во фаза на бокорење и класење, при што веќе се забележува успешно формирање на класната метличка. Земјоделските стручњаци оценуваат дека досега условите беа речиси идеални за оваа култура и најавуваат оти доколку времето се стабилизира од аспект на температурите и притоа има доволно вода за наводнување, годинава може да се очекуваат надпросечни приноси.
Годинава под ориз во регионот беа засеани 2.500 хектари од кои најголемиот дел од површините во кочанскиот производен регион.
Инаку, токму летово се покажа сосема оправдана мерката за рестрикција при сеидбата на површините со ориз, кои практично беа преполовени, бидејќи долготрајната суша брзо ја празни акумулацијата Калиманци.
Иако од магистралниот канал од хидросистемот се испуштаат максимални количини од над 11 кубни метри вода во секунда, не е доволна да ги задоволи потребите на земјоделците во сите подсистеми. Поради тоа земјоделците очекуваат дождови кои ќе придонесат за ублажување на состојбата со наводнувањето на површините. Загрижува, како што велат, и се пониското ниво на водите во реките од регионот кои се под просекот за овој период од годината и не се доволни да ги наводнат површините покрај речните корита.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто