Македонија
29. јуни 2017 - 19:50

Органски производи за прв пат се продаваат на прилепскиот градски пазар

Семејството Ваневи  од с. Паликура, росоманско веќе четврта година, на површина од 2 и пол хектари произведува сертифицирани, здрави, еколошки градинарски производи, како и праски. Велат дека нивните производи  се многу поразлични, и што е најважно, многу се поздрави од традиционално – произведените бидејќи, како што појаснуваат, истите ги произведуваат без користење на хемиски препарати.
 
Според Ванев, иако приносот од органското производство е за 20-30 проценти помал од традиционалното производство, сепак, тој оди со иста продажна цена како и другите производители, оти, кај луѓето се уште постои сомнеж за овој вид храна.
 
Засега, вели Ванев, единствен поголем проблем му е пласманот, бидејќи тешко пробива на пазарите во земјава, но, тој е оптимист и се надева дека за скоро време купувачите ќе стекнат доверба и тој ќе има дефицит од производи.