Македонија
24. March 2017 - 11:28

Орден од претседателот Иванов за Агенцијата за разузнавање

Претседателот на Република Македонија, вечер во Македонскиот народен театар со орден ќе ја одликува Агенцијата за разузнавање на Република Македонија.

Агенцијата за разузнавање на Република Македонија се одликува по повод 20 години од основањето, а особено за својата дејност, како еден од основните сегменти на разузнавачко-безбедносниот систем на државата, во зачувувањето и јакнењето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, соопштуваат од кабинетот на претседателот Иванов.