Македонија
19. January 2017 - 16:27

Ордановски: Платформата целосно прифатлива за СДСМ, и федерализацијата не е спорна

Опозицискиот аналитичар, Сашо Ордановски, кој важи за близок советник на СДСМ, бара Социјалдемократите да ја прифатат пллатформата на албанските партии бидејќи според Ордановски таа била комплетно прифатлива.

Ова Орданоски, вчера го изјави за Телевизија Алсат. Орданоски оди и понатаму и вели дека за него е прифатлива и федерализација на државата.

Ордановски, кој е еден од најгласните поддржувачи на опозицијата, во дебатната емисија изнесе прилично скандалозни ставови, особено во насока на обвинуванје кон Македонците. Вели дека војната во 2001 била легитимна, а виновни за состојбата биле Македонците како мнозинско население во државата.

Ордановски го советува СДСМ дека има обврска да ги исполни барањата на албанскиите партии, пред се затоа што на овие избори, партијата доби огромна поддршка од албанскиот гласачки електорат.