Македонија
18. November 2016 - 16:31

Орбан: Унгарија останува најсилен поддржувач на македонските евроатлански интеграции

Унгарија останува најсилен поддржувач на македонските евроатлански интеграции. Двете држави имаат исклучително одлични и пријателски односни, а таквата билатерална политика е резултат на заедничките заложби на политиките на Груевски и на Орбан. Ова е заклучокот од средбата на партиската делегација на ВМРО ДПМНЕ предводена од Никоа Груевски со Премиерот на Унгарија Виктор Орбан во Будмпешта.

Урганскиот премиер на средбата со делегацијата на ВМРО ДПМНЕ, во која биле и Никола Попоски, Александар Николовски и Влатко Ѓорчев, бил запознаен и до детали за предизвиците со кој се соочува Македонија поврзани со политичката криза како и плановите по одржувањето на престојните избори.

Унгарскиот премиер смета дека изборите на кои ќе одлучува народот се клучни за излез од политилчката крзиа на државата.

Груевски уште еднаш ја потенцирал посветеноста на партијата што ја води во контекст на политиките за подигнување на живтниот стандард на граѓаните, посочувајќи дека тој фокус останува и понатаму.

Покрај одвоената средба со Орбан, партиската делегација на ВМРО ДПМНЕ имала средби и со владина делегација на унгарскиот премиер.