Орбан: Илегалната имиграција е закана за Европа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека илегалната имиграција е закана за неговата земја и за цела Европа.
Според Орбан, најголемата закана се стотиците милиони луѓе од „длабочините на Африка, а не од воените зони“ кои сакаат да избегаат од сиромаштијата.
Унгарскиот премиер ја обвини ЕУ дека не ги заштитува своите граѓани од „масата илегални имигранти“, кои го загрозуваат културниот идентитет на европските земји и ја засилуваат заканата од тероризам, невработеност и криминал.
- Нашиот одговор е јасен: Ние сакаме Европа да остане европска, порача тој.
Орбан додаде дека модерната миграција е резултат на политички настани и оти иднината не претставува „натпревар во гледање во далечина, туку во запознавање со минатото“.
Од почетокот на годината 90.000 имигранти и бегалци влегле во Унгарија, која гради ограда по границата со Србија, за да го пресече нивниот проток. Повеќето бегалци поднесуваат барања за азил во Унгарија, но потоа заминуваат за други земји во ЕУ, како Германија и Шведска.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење