Македонија
1. May 2017 - 8:56

Општонароден собир „Ден на крстот“ во Кучково

 Голем општонароден собир „Ден на крстот“ ќе се одржи денеска во скопското село Кучково.

Манифестацијата ќе почне со литургија на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Од општина Ѓорче Петров информираа дека ќе се одржи богата спортска и културна програма. Ќе настапат Влатко Лозаноски, Магдалена Цветковска - Ена и групата Академци.

За посетителите општината обезбеди бесплатен оброк - војничко гравче.