Бизнис
22. January 2018 - 21:13

Општинските депонии можат да предизвикаат еколошка катастрофа - Комората бара законски измени

Или модерни локални депонии или општините ќе се соочат со еколошка катастрофа. Здружението на комунални дејности при СКМ бара законски измени со кои ќе се дозволи инвестирање во општинските депонии кои се во очајна состојба. Велат, нема  формирано ниту една  регионална депонија во земјава, иако беа најавувани како решение за отпадот.

Претседателот на Здружението на комуналните дејности Звонко Јованоски рече дека досегашните обиди за профункционирање на регионалните депонии се пропаднати.

- Останува депониите што ги имаме во општините да ги модернизираме со наши средства, со средства од општините за да може да функционираат подобро и поефикасно. Моделите на регионални депонии досега не профункционираа во ниту еден регион на Македонија - истакна Јованоски.

Комуналните претпријатија се жалат и на проблеми со вработувањето на нови кадри. Процедурата за вработување на нови лица  трае многу долго и се усогласува според 3 закони иако  тие најчесто  имаат потреба од сезонски работници. Проблеми имаат и со Законот за јавни набавки.

Согласно овој закон, како што рече Михајловска Василевска, понудената најниска цена им прави сериозни проблеми на комуналните претпријатија во случај на набавка на одредена опрема. Комуналните претпријатија сметаат дека износот од 500 евра за брзи потреби, во кој може да се користат средствата без јавен тендер, е многу низок и оти е потребно одредено релаксирање.

Во земјава 54 општински депонии од кои најголемд ел не исполнуваат никакви стандарди и се ризични по здравјето на граѓаните. Дополнително во градовите низ змејава има над 2000 диви депонии. Јавните комунални претпријатија чистат само некои од нив.