Македонија
23. August 2017 - 13:27

Општинската изборна комисија во Кочани ги започна подготовките за локалните избори

По направените персонални промени, Општинската изборна комисија (ОИК) – Кочани ги започна подготовките за Локалните избори 2017, информираше денеска претседателката на ОИК Марија Гоцева.

Таа за претседател на ОИК Кочани дојде на местото на Далиборка Сандева Стојанова вработена во општина Кочани, а персонална промена е направена и во составот на членовите на ОИК. 

Гоцева информираше дека денеска се именувани и нови членови и нивни заменици за 63 избирачки во Општина Кочани, бидејќи на претходните им завршиле мандатите. 

Општинската изборна комисија на Кочани, според Гоцева ги добила сите потребни услови и просторија за спроведување на изборите. Локалните избори се финансираат од буџетот на Општина Кочани, но подетални информации колку средства треба да се трансферираат засега немаат како ОИК.

Во Општина Кочани тече јавниот увид во единствениот изборачки список.