Балкан
11. November 2016 - 20:02

Општините во Хрватска, специфично, оние во крајбрежниот појас на Јадранското море се соочуваат со низа проблеми

Општините во Хрватска, специфично, оние во крајбрежниот појас на Јадранското море се соочуваат со низа проблеми кога е во прашање подготовката и реализацијата на инфраструктурните проекти. Пред се, во решавање на имотно-правните работи, добивање на градежни одобренија, но и при подготовка на адекватни студии кои би одговарале на актуелната состојба и би биле во склад со стандардите на ЕУ. ЈКП „Поникве“ од островот Крк, добило зелено светло од националното тело за управување со води за аплицирање за средства од над 70 милиони евра. Во нивната брзоплетост прво извршиле проектирање на водоводната и канализациона мрежа и избрале изведувач на студијата кој не ги задоволува критериумите.

Втор проблем е тоа што сеуште не им се одобрени средства, иако се надевале дека ќе влезат во програмата 2007-2013-година. Друга проблематика се финансиите, поточно самоодржливоста на проектот и висината на средствата за кофинансирање. Општините најчесто ги подготвуваат проектите, но тие иако се основачи и сопственици на јавните претпријатија, не располагаат со доволни средства за практична реализација.-

Националниот тренер од проектот Локални лидери во ЈИ Европа, смета дека за добрите проекти секогаш може да се најдат пари, но вистинските проблеми следуваат веднаш потоа, од типот, како да се управува со нив, за да се постигнат добри резултати, за да се стигне до вистинската цел.-

Како и од каде да се вратат се прашања поврзани со целината на проектниот циклус. Затоа и беше потребно да се реализираат низа тренинзи, на кои пред одговорните лица во локалните самоуправи и јавните претпријатија  им се презентираат одговорите.Проектот влегува во својата финална фаза на имплементација. Тоа конкретно значи дека овие две недели дистрибуираме вкупно 11 обуки во 4 земји. Конретно, 2 во Хрватска, 4 во Босна, 4 во Србија и една во Македонија-изјави Павле Донев, Менаџер-ГИЗ ОРФ ММС

Паралелно со оваа обука, во Осијек се одржува тренинг, наменет за опшините од континенталниот дел на Хрватска.