Бизнис
26. March 2017 - 18:13

Општините од источниот и североисточниот регион сами ќе управуваат со цврстиот отпад

Источниот и Северо-источниот регион предничат во делот на решавање на проблемот со цврстиот отпад. За разлика од останатите плански региони кои се одлучија за моделот јавно –приватно партнерство, истокот и североистокот се решија за бавно, но економски многу поисплатливо решение за граѓаните. Со „Системот за интегрирано управување со цврст комунален отпад“ ќе управуваат самите општини, преку веќе формираното регионално претпријатие за управување со отпад „Исток“ со седиште во Штип.

-Согласно ЕУ делегацијата и европските критериуми формиравме стручна служба за да го следи овој проект целосно, бидејќи се работи за стратешки проект, за проект кој што се спроведува повеќе години, со огромен буџет од над 40 милиони евра-изјави Драгица Здравева, директор на ЦРИПР

Иако станува збор за капитална инвестиција, овој модел нема драстично да ги зголеми сметките за комуналните услуги на крајните корисници. Според предвидената динамика, за околу 2 години двата региони ќе добијат современа фабрика за обработка на отпадот, неколку товарни пунктови и потребна механизација за системот да може целосно да функционира.