Бизнис
7. February 2017 - 20:37

Општина Зелениково ги претстави проектите кои ќе ги реализира оваа година

Терени за голф  на 65 хектари ќе никнат во близина на Скопје. Идејата за проектот стара повеќе години и најавувана од неколку влади ќе се реализира во општина Зелениково. Од таму велат дека годинава општината ќе инвестира над 55 милиони денари во нови проекти со кои дополнително ќе се модернзира. Дел од нив се во спортот. Ќе се градат и нови  игралишта за кошарка. На  сите оние коа  сакаат да  се тргнат од градот ќе се обезебдат 106 локации за проектот купи куќа за млади.  Се работи и на развојот на првата индустриска зона Џамбовица.

Се изготвува и урбанистички план за девет населени места. Ќе се реконструира и водоводната  и патна инфрастуктура.

Во општината целонсо е завршена реконструкцијата на спортските игралишта во Зелениково и Орешани. Подобрено е напојувањето со електрична енергија. Со изградбата на региоланиот пат Таор – Ржаничино се овозможи поврзување на Опптината со автопатот Александар Македонски и скопскиот аеродром