Македонија
18. February 2016 - 18:07

Општина Василево ќе гради повеќенаменско игралиште во Дукатино

Општина Василево распиша тендер за изградба на повеќенаменско игралиште во населеното место Дукатино. Според техничката документација игралиштето е со стандардни димензии и истото ќе биде опремено со стативи и кошеви со што ќе се овозможи спортување на повеќе различни спортови. Осветлувањето со рефлектори ќе овозможи спортување и во ноќните часови. Заради оптимално спортување игралиштето ќе биде и оградено.

- Ова игралиште ќе биде соодветно на повеќенаменското игралиште во населеното место Анѓелци, информира градоначалникот Ванчо Стојанов.

Огласот за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во с. Дукатино – општина Василево, објавен е на веб страната на Бирото за јавни набавки. Заинтересираните понудувачи објавата можат да ја видат на следниот линк:

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/7edfc7a0-3352-4932-8c82-5ec2bd8bec7b/RequestForProposal,

Крајниот рок на доставување на понудите е 29.02. 2016 година, кога ќе биде и јавното отварање, се вели во информацијата од Општината.