Бизнис
11. August 2017 - 20:15

Општина Штип на лицитација понуди земјишта за изградба на индустриски објекти

Општина Штип ќе инкасира околу 15.000 евра од лицитацијатa на градежно земјиште по електронски пат. Наддавање имаше за две градежни парцели и тоа за изградба на индустриски објекти за лесна и незагадувачка индустрија. Цената за метар квадратен градежно земјиште за индустриски објект во Суво Грло е 71 денар, а додека за парцелата во населбата Пребег највисоката понудена цена е 801 денар за м/2.

- Особено можеме да истакнеме што како општина сме задоволни што имаше заинтересиран кандидат за локацијата Суво Грло, од причина што со продажбата на оваа парцела очекуваме таму да се изгради индустриски објект, со што ќе се овозможи развој на индустријата и нови вработувања во Лакавичкиот регион, изјави Лазар Хаџи Николов - Одделението за урбанизам во Општина Штип

Ова е и првата објавена лицитација за градежно земјиште, која ја реализираше Општина Штип во текот на оваа година. Комисијата за отуѓување на градежно земјиште кое е во сопственост на Република Македонија не можеше претходно да објави оглас затоа шти има пречка во период кога се случуваат избори. Претходната година поради Предвремените Парламентарни избори, потоа следуваше период кога не се распишаа Локалните избори,  а во моментов се распишани Локални избори.