Македонија
2. September 2015 - 16:57

Општина Лозово го зголеми надоместокот за секое новородено дете

Општина Лозово го зголеми надоместокот за новороденчиња. Наместо досегашните 5 илјади, во иднина за секое прво или второ родено дете, семејството ќе добива по 7 илјади денари. Одлуката за повисок еднократен надоместок за новороденче се донесе на последната општинска седница. Иницијативата е усвоена по барање на градоначалникот.

- Овие средства не се многу но во иднина ќе гледаме сумата да ја зголемиме. За секое дете овие пари не се многу но се значајни оти секое дете е богатство за општината и државата, вели градоначалникот на општина Лозово, Орце Цветковски.

Локалната самоуправа на Лозово, веќе подолго време одвојува средства и за склучени бракови.

- За ергени над 40 год и девојки над 35 години сите што ќе склучат прв брак им следува по 20 илјади денари, вели Цветковски.

Локалните власти на Лозово воведоа и нов надомест со кој ќе се стимулираат повеќедетни семејства. Така за секое трето или четврто дете општината ќе одвојува по 10 илјади денари.