Македонија
25. May 2017 - 14:06

Општина Кавадарци ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штети од невремето

Општина Кавадарци ќе ги обесштети граѓаните кои претрпеа штети од невремето што го зафати овој крај во вторникот. Локалната самоуправа денеска ги повика кавадарчани да пријават штети од невремето кое беше проследено со обилен пороен дожд, интензивни електрични празнења и силен ветер.

Пријавите се поднесуваат во канцеларијата на Граѓанско информативниот центар.

- По приемот на барањата општинската Комисија за проценка на штети од невреме ќе излезе на самото место да ја утврди евентуално настанатата штета, по што ќе следи законска постапка за општинска помош, информираат од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.