Македонија
4. November 2015 - 17:07

Општина Карпош додели стипендии

Стипенди за најдобрите основци во општина Карпош. 40 ученици во основните училишта во општината наградени за успеси на училишен и спортски план. Станува збор за 8 месечни стипендии по 3 илјади денари кои според првиот човек на Карпош треба да бидат мотивација плус за поголеми достигнувања. Дипломите чие доделување стана традиција според Јакимовски се инвестиција во иднината не само на Карпош туку и на Македонија.

Иако се доделуваа во училиштето Војдан Чернодрински стипендии добија талентирани ученици и спортисти од сите основни училишта во Карпош. Според Јакимовски ова е доказ дека сите добиваат еднаков третман и на крајот стипендиите одат во рацете на учиниците кои вистински ги заслужиле.