Македонија
23. January 2016 - 16:51

Општина Дојран најавува реализација на голем број инфраструктурни проекти

Дојран оваа година ќе вложи околу 1,5 милиони евра во реализација на нови проекти. Приоритетот ќе биде ставен на патната инфраструктура  како што е реконструкцијата и изградба на локални патита и улици за кои се планирани околу 10 милиони денари од општинскиот буџет.  Но,  подобрувањето на локалите патишта и улици нема да биде единсвтеното во кое ќе се инвестира годинава , Нов Дојран и селото Фурка ќе добијат мали плоштади,  а конечно ќе се започне реализацијата на проектот за реконструкција на пазарот во Дојран, еден од најзначајните проекти како за жителите на градот,  така и за туристите.

,, Ќе се работи на повеќе проекти. Пред се овде ќе се задржиме на инфраструктурата, ќе продолжиме со исто темпо на реконструкција на локални патишта. Еден крупен проект, за нас крупен проект ќе претставуа реконструкцијата на или израдба на отворен и затворен пазар, нешто што денес недостасува во Дојран. Тоа треба во првата половина на 2016 година да почне да се работи.,, вели Борче Стамов – градоначалник на оштина Дојран

Освен во подобрување на инфраструктурата и оваа година ќе продолжат инвестициите за збогатување на туристичката понуда и проектите кои ќе придонесат за привлекување на што поголем број туристи.  Со посебен проект општината ќе ја одбележи 100 годишнината од првата светска војна, а како новина претставува и проектот за набљудување и класификација на птици кои во Дојран ги има во голем број и од многу различни видови.