Македонија
2. February 2017 - 12:32

Општина Дебрца го санира фудбалското игралиште на „Сатеска“ во селото Волино

Општина Дебрца со сопствени финансиски средства во износ од милион и 484.286 денари го санира и реконструира игралиштето за голем фудбал во Волино на кое се натпреварува екипата „Сатеска“.

Според градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски, во рамки од проектот ќе се изврши санација и реконструкција на соблекувалните и простории за судии и делегати, изградба на кабини за резервни играчи, судии и делегати, изградба на метална трибина за гледачите, изградба на систем за наводнување за фудбалското игралиште и санација на постоечката ограда на игралиштето.

- Искрено се надевам дека токму од ова фудбалско игралиште ќе произлезат новите фудбалски ѕвезди, кои ќе претставуваат не само гордост на општината, туку и на цела Македонија, вели Трајкоски.

Екипата „Сатеска“ што го користи теренот во Волино се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – „југо-западен“ регион.