Македонија
14. May 2017 - 16:44

Oпштина Дебарца доби ново училиште

Дебарца доби ново основно училиште . Стариот културен дом во Лешани со темелна санација прерасна во образовен центар. Реконструираниот објект кој се простира на околу 400 квадратни метри со 6 училници ќе овозможи подобри услови за настава на учениците. Објектот располага и со простории за административно-технички персонал како и посебно одвоен простор кој ќе биде на располагање за локалното население.

Во училиштата во Дебарца учат околу 230 ученици од кои во 4 подрачни до 9то  а во останатите до петто оделение.

Инаку изминатиов период извршена  е комплетна реконструкција на три основни училишта, и тоа во Требеништа, Оровник и Лешани, а наскоро ќе отпочне реконструкцијата на Основното училиште во Ботун, со што целосно ќе бидат готови четири училишта, од вкупно единаесет кои фукнционираат во Дебарца .