-->
-->
Општина Дебар набавила џип од 50.000 евра, бил неопходен за теренска работа
-->
Џип од моделот „фоклсваген тигуан“ бил набавен од раководството на Општина Дебар, вреден 50.000 евра и истиот ќе биде отплаќан следните пет години.
Според објавениот договор, Општината го купува возилото со одложено плаќање по пат на финансиски лизинг со учество од 20 отсто, на рок од 60 месеци.
Градоначалникот Ружди Љата изјавил дека набавката на ново возило била потребна поради теренот во Дебар, додека старото службено возило веќе било застарено и несоодветно, дознава Нова ТВ.
„Возилото е набавено со сите законски прописи и неопходно е за општината. Избрано е возилото со најниска понудена цена. Тоа возило нема да го возам јас, туку е за потребите на општината. Знаете каков е теренот во Дебар“, изјавува Љата за Нова ТВ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште