Општина Центар подготвува дводневна програма за Суперкупот на УЕФА
Општина Центар подготвува дводневна програма за навивачите кои ќе го следат фудбалскиот натпревар меѓу „Манчестер Јунајтед“ и „Реал Мадрид“ во рамки на Суперкупот на УЕФА.
На 7 и 8 август, со почеток во 12 часот на улиците „Боемска“ 1 и 2 ќе бидат поставени видео-бимови и озвучување. За навивачите пред натпреварот е предвиден турнир во фудбалче на маса.
Публиката ќе може на бимовите да проследи делови од најдобрите натпревари меѓу двата клуба и ќе може да учествува во коментаторски натпревар. Најуспешните коментатори на последните три минути од натпреварот ќе добијат награди.
Дел од програмата се и жонглерите со топки и шминкерите кои ќе ги цртаат лицата на навивачите во боите на тимовите. Навивачите ќе може да купат брендирани навивачки реквизити, а ќе настапат и наши познати диџеи.
Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски денеска се сретнал со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија Чарлс Гарет и му ја презентирал програмата. Жерновски ги поканил амбасадорите на Шпанија и на Велика Британија заедно со нивните семејства и со навивачите да го проследат натпреварот на Боемската улица.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација