Македонија
15. September 2015 - 17:06

Општина Центар и манипулациите до Кинескиот ѕид

Советниците од ВМРО ДПМНЕ во  општина Центар го обвинија градоначалникот Андреј Жерновски дека стои зад легализацијата на Кинескиот ѕид.

-Ова е решението со кое Жерновски ја легализира оваа грдосија од градба. Тука стои името и презимето на Андреј Жерновски. Со потписот на Жерновски оваа дивоградба станува легална. Можете да претпоставите по која цена и за чии интереси е извршена легализацијата, изјави Томислав Лазаров, советник од ВМРО ДПМНЕ во општина Центар.

Советниците од ВМРО ДПМНЕ го обвинија Жерновски и дека за бизнис интереси сакал да го уништи пазарчето Буњаковец за да се изгради бензиска пумпа , но планот по реакција на граѓаните бил повлечен.