Македонија
14. December 2017 - 9:45

Општина Бутел ќе избира најубаво украсен двор

Општина Бутел седма година по ред ќе избира најубаво украсен двор по повод новогодишните и божиќните празници.

Пријавите граѓаните можат да ги достават на шалтерот 1 во архивата на општина Бутел, на телефоните: 2 616-868 и 2 600-507 лок: 127, како и на меил адресата: portparol_butel@yahoo.com.

Во пријавите граѓаните треба да остават лични податоци - име и презиме, адреса и контакт телефон, најдоцна до 27 декември (среда). 

Потоа, комисија составена од повеќе членови од општинската администрација ќе ги посети пријавените, по што ќе бидат избрани и прогласени  трите најубаво украсени куќи и дворови, што ќе бидат наградени.

Наградите за најубаво раскажаните новогодишни приказни со помош на украси и светилки, ќе бидат доделени на 4 јануари идната година.