Македонија
18. January 2017 - 10:52

Општина Аеродром апелира возилата да не се паркираат на средина на улиците

Општина Аеродром денеска апелира до возачите да не ги паркираат своите автомобили на средина на сервисните улици и јавните паркиралишта за да можат непречено да поминуваат камионите, со кои се фрла сол и се чисти снегот.

Ова, како што стои во соопштението, особено се однесува на уличките околу трговските центри „Бисер“ и „Скопјанка“.

Зимската служба на Општина Аеродром интензивно работи на расчистување на улиците, паркинг - улиците и патеките од новите наноси на снег.