Опозициските новинари сами ја откриваат политичката мотивираност на обвиненијата на СЈО
Опозициски новинар на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска му постави прашање за тоа дали треба осомничен човек да излезе на избори. Кога ваквото прашање доаѓа од опозициски медиум/новинар, а паралелно СЈО до сега покренува обвиненија само кон функционери на една политичка партија, станува јасно дека има сериозна политичка мотивираност зад обвиненијата кои ги покрена до сега ова јавно обвинителство.
Опозицијата сака што е можно повеќе пријави за сите оние кои што сметаат дека имаат поддршка од народот и со тоа да ги елиминира од политиката. Во тој случај може било кој истражен орган да почне истрага и за сите опозицинери и со тоа ќе бидат дисквалификувани сите, па така нема ни да има избори.
Прашањето инаку инспирирано од изјава на Амбасадорот на ЕУ во Македонија, истото треба да го насочи и кон Хилари Клинтон или Никола Саркози и ред други политичари за кои имаше сериозни сомневања за можни злоупотреби на функциите.
Ние контактиравме еден претседател на општински на ВМРО-ДПМНЕ, кој вели дека им пречи тоа што Груевски е популарен и дека направиле се да го дискредитираат, но народот едноставно му верува затоа што работи и остварува од збор до збор, а народот знае дека може да се потпре на него и не прифаќа уцени кога би се барало нешто од него.
-Сега некој сака да дојде некоја тарабука (слушнав Бранко така го викал Заев)и во ВМРО-ДПМНЕ за да може да си спроведува што ќе му текне а е антидржавно. Народот да го обесхрабри и да го демотивира и така кога сака да си прави кој од страна селекција и тој да одбира кој да ја води државата, вели изворот.
Ваквото потценување на јавноста е нешто што е карактеристично за СДСМ и сме го виделе во повеќе наврати.
Од ВМРО-ДПМНЕ од друга страна велат дека е смешно тврдењето на опозициските медиуми а кои се иницирани од СДСМ. Сето тоа велат е поради страв од Груевски како и ВМРО-ДПМНЕ и убедливиот пораз на СДСМ на претстојните избори.
Веќе станува и комичен начинот на кој СДСМ сака да ја избегне волјата на народот и да направи работи кои се против државата. Токму затоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе изгубат на избори, затоа што народот гледа што прават.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка