Опозицијата го блокираше Собранието на Република Српска
Опозициските пратеници во Собранието на Република Српска синоќа ја блокираа работата на ова законодавно тело, откако застанаа околу местата на кои седи парламентарното претседателство, по што собраниската седница беше прекината.
Претставници на владејачките партии и на опозицијата до доцна синоќа не успеаја да постигнат договор за надминување на блокадата, по што потпретседателот на Собранието, Ненад Стевандиќ најави дека претпладнево ќе се одржи нова средба на шефовите на пратеничките групи.
Опозицијата најави дека нема да отстапи од „физичка блокада на работата на Собранието“, се додека парламентарното мнозинство „не престане со теророт“ и непочитување на собранискиот Деловник, Уставот и законите.
- Повеќе не е можен нормален колосек. бидејќи ова парламентарно мнозинство не размислува со своја глава, туку со главата на еден човек, изјави пратеникот на опозициската Српска демократска партија (СДС), Вукота Говедарица.
Пратеникот од опозициската Партија за демократски прогрес (ПДП), Бранислав Бореновиќ, пак оцени дека е бесмислено опозицијата да учествува во работата на Собранието кого не се почитува парламентарната демократија во согласност со Уставот и законите.
Причина за одлуката на опозицијата за блокада на Собранието беше решението на парламентарното мнозинство за повлекување од дневен ред на Извештајот за работата на Главната ревизорска служба, во кој се посочува дека е утврден буџетски дефицит поголем за 65 милиони евра од оној што го покажуваат официјалните податоци на Владата на Република Српска.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари