Македонија
24. January 2016 - 14:46

Опожарено возило во Штип

Ноќеска околу еден часот по полноќ избувнал пожар во ПМВ „Венто“ паркирано на улицата „Сутјеска“ со штипски регистарски ознаки сопственост на такси компанија.

Во пожарот била опожарена внатрешноста на возилото во пределот на маската, седиштата и вратите. Од пожарот дошло до оштетување на ПМВ „Форд Фокус“, сопственост на Р.К.(42) од Штип, кое било паркирано до опожареното ПМВ.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Штип. Причината за настанување на пожарот, како и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.