Македонија
5. December 2016 - 12:16

Опожарено ауди во Скопје

Три непознати лица ноќеска опожариле патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ф.Ф. (55) од Скопје на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“.

Сторителите откако биле забележани од пријавителот избегале од местото на настанот. Пожарот бил локализиран од сопственикот и соседите.

Случајот го пријавил Ф.Ф. ноќеска 21 минута по полноќ.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.