Опожарена половина хектар сува трева во Кривопаланечко
Во пожарот кој вчера попладне избувна во Кривопаланечкото село Мартиница, во месноста викана „Врби“ изгореа половина хектар сува трева и десетина багремови стебла, информира командирот на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски.
Коцевски рече дека навремената совесна реакција на месното население допринела пожарот да не се прошири на блиската листопадна шума.
- Жителите на селото веднаш штом го забележале пожарот се јавиле во нашата служба, но истовремено започнале со гасење на истиот за да спречат негово ширење до шумата, што им успеало. Благодарение на месното население пожарот бил локализиран до пристигнувањето на екипа на ТППЕ и екипите на Јавното претпријатие Македонски шуми, подружница Крива Паланка кои брзо потоа го ликвидираа. Со тоа, спречено е да настане поголема материјална штета, изјави Коцевски.
Ова е седми пожар во месец јули на подрачјето на општина Крива Паланка од кои најголем процент се со поголема материјална штета, а од ТППЕ Крива Паланка апелираа граѓаните да ја почитуваат забраната за движење во шуми во периодот на горештините, со што ќе се спречи појава на шумски пожари.
- Апелирам граѓаните да не се движат во шумите и да не палат оган на отворено бидејќи тропските горештини кои владеат периодов се сами по себе опасност од појава на пожари. Исто така упатувам апел доколку забележат пожар совесно да реагираат и не само да го пријават, туку и активно да учествуваат во неговото гасење, бидејќи првичниот пожар може да се изгасне само со чаша вода, нагласи Коцевски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација