Македонија
25. May 2017 - 13:42

Опожарен автомобил на Партизанска

Утринава околу 03.00 часот во полициската станица Карпош 30- годишниот Е.И од Скопје пријавил дека на булевар „Партизански Одреди“ опожарено било патничко моторно возило „Крајслер ТТ Крузер“ со скопски регистарски, сопственост на неговиот брат. 

Возилото било опожарено во пределот на моторот и предната хауба.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.