Македонија
11. November 2015 - 16:27

Операции само за итни случаи, продолжува бојкотот на лекарите од дигестивна по пукањето во хирург

На дигестивна хирургија нема да има операции до петок. Лекарите нема да работат ни во амбулантите.Ќе примаат само итни случаи. Пациентите ќе ги препраќаат во ГОБ 8 септември и старата градска болница. Ваква одлука донел стручниот колегиум на Клиниката по инцидентот во понеделникот кога беше застерелан нивни колега. Ова го подржува и министерот за здравство.

-  Се случи многу сериозен криминален чин и со право докторите се револтирани и реагираат. Ние сме во комуникација со нив. Но, тоа што е најважно за нас е да се смири состојбата тука, да се создадат услови за нормално функционирање, а од друга страна ниту еден пациент да не трпи поради тоа, вели Никола Тодоров, министер за здравство.

На утринскиот состанок на Дигестивна се разговарало и за зголемување на безбедноста на лекарите и останатиот медицински персонал. Два часа по министерот изјава даде и директорот на клиниката. Тој го соопшти ставот на стручниот колегиум и ги обвини медиумите за оваа ситуација. Без да конкретизира. Лично имал негативно искуство со новинари. Негираше дека министерот им вршел притисок да се оперираат.

За разлика од директорот кој освен со негативниот однос кон новинарите не прецизираше детали за настанот во понеделникот, одделенската сестра раскажа како било пукано во лекарот. Таа со многу емоции и вознемиреност зборуваше за инцидентот  на дигестивна.

Таа 41 година работи како медицинска сестра и вакво нешто прв пат и се случило да биде сведок на пукање во бел мантил. Се надева дека ова никогаш нема да се повтори.