Опасностите од преселувањето на Амбасадата на САД во Ерусалим декември
Контроверзната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел и да ја премести Амбасадата на САД од Тел Авив предизвика загриженост во светот.
Таквата одлука, според оценките, би можело да предизвика насилства на Блискиот Исток.
Одлуката е во спротивност со долгогодишната политика на САД дека статусот на овој град треба да биде договорен меѓу Израел и Палестинците.
Претседателот Трамп за ова веќе информирал во телефонски разговор неколкумина лидери на Блискиот Исток, вклучувајќи го и палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Од кабинетот на Абас, пак, велат дека таквата одлука претставува ризик за мировниот процес на Блискиот Исток.
- Ако американската Амбасада биде преместена во Ерусалим, тоа ќе биде против меѓународното право и неприфатливо од наша страна. Доколку тоа се случи, тоа ќе ги усложни работите. Тоа ќе биде пречка за мировниот процес, можеби тоа ќе биде крај на мировниот процес, вели портпаролот Набил Абу Рдаина.
И другите арапски лидери го осудија планот, стравувајќи дека одлуката на Трамп ќе го обнови насилството во регионот.
Турски претседател Реџеп Таип Еродган порача: „Господин Трамп, Ерусалим е црвената линија за муслиманите“.
Ерусалим се смета за свето место за трите главни светски религии: Јудаизмот, Христијанството и Исламот, а меѓународната заедница долго време го смета за неутрален.
Противење на потезите во врска со Ерсуалим изразија и генералниот секертар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, како и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.
Трамп, исто така, се соочува со отпор и во рамките на Стејт департментот.
Според двајцата официјални претставници на САД кои побарале анонимност, вработените стравуваат дека овој потег би можел да предизвика ново насилство против Израел и американските интереси во регионот.
Високи американски официјални претставници изјавија дека преселбата на Амбасадата би можело да биде одложена шест месеци, но оти процесот најверојатно ќе биде започне и би траел три до четири години.
Радио Слободна Европа - Прага
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар