Живот
25. April 2017 - 9:57

Опасност во дворот: Дали може на фотографијата да ја пронајдете големата змија?

Оваа фотографија го шокираше интернетот, а на повеќето им требаше подолго време за да ги воочат шарите на склупчената змија.

Фаќачите на змии во Австралија неодамна на Фејсбук објавија фотографија од полица со саксии, а зад една се крие питон долг речиси 2 метри.

За среќа овој вид змија живее само во Австралија и не е отрвона, но може да ги изеде малите домашни миленичиња.

Застрашувачки е да се види змија во дворот, а треба посебно да се биде внимателен со жардињерите во трева кои подолго време не се поместувани.

Дали ја видовте змијата на сликата? Ако не можевте да ја најдете, решението е долу во текстот.