Македонија
23. May 2017 - 17:04

Опасната игра ,,син кит‘‘ која зема жртви меѓу децата засега не е присутна во Македонија

Страв и вознемиреност и кај родителите во Македонија по информациите дека смртоносната интернет игра Син кит се шири и на Балканот. Неколку случаи веќе се регистрирани во Србија и Хрватска каде тинејџери се самоповредувале, јавуваат тамошните медиуми. Засега нема официјална пријава во  МВР дека некое дете ја игра опасната игра, но се барало совет на СОС телефонот во детската амбасада Меѓаши.

-Се јави загрижен родител да се информира и изрази загриженост од опасноста од оваа игра која се шири на Балканот, а потекнува од Русија според моите информации и доведува до самоповредување и во рок од 50 дена самоубиство, изјави Јана Зенговска, психолог и координатор на СОС телефонот во Меѓаши.

Опасната игра е достапна на интернет, а апликацијата може да се инсталира и на мобилен. Според пишувањата оние кои ја играле секој ден добивале задача да се повредуваат за да на последниот 50 ден им стигне наредба да извршат самоубиство.  Над 100 вакви случаи само во Русија се поврзуваат со Синиот кит. Психологот во Меѓаши вели дека тие што ја направиле оваа игра очигледно се со  социо и психопатски карактеристики. Таа см родителите да бидат повнимателни и да контролираат што следат и играат нивните деца.

-Доколку родителите создадат добра комуникација, децата можат да кажат не, доддаде Зенговска.

Од она што досега се знае само тинејџери на кои им била потребна дополнителна возбуда и самодокажување биле заложници на Син кит.

Од правта детска амбасада Меѓаши апелираат доколку некој родител забележи дека неговото дете ја игра опасната игра веднаш да пријави во полиција за да се спречат несакани последици.