Живот
24. јуни 2017 - 18:31

Она што е напишано на гробот на Ѓоша ќе ви го скрши срцето

Актерот Богољуб Митиќ Ѓоша почина на 49-годишна возраст од срцев удар. Неговото безживотно тело во домот го пронашла неговата ќерка Наталија.

Ѓоша беше погребан во родниот Власотниц во семејната гробница покрај татко му Стојан. Поворката со безживотното тело го помина патот до гробиштата каде ќе биде вечниот дом на актерот.

На споменикот се испишани стихови кои ги заинтригираа сите, а се посветени на таткото на Ѓоша:

-„Топло беше твоето срце, сакаше смеа и шала, фудбал и лов, деца мали. Нека мир Божји со тебе владее, гордост наша драга, како некогаш така и сега.“ - пишува на спомен плочата.