-->
-->
ОМД: Правото на глас е загарантирано со Устав
-->
Обединатата Македонска Дијаспора (ОМД) го поздравува секој предлог и иницијатива за дебата околу изборниот закон, бројот на пратеници и начинот на гласање за македонските граѓани со право на глас кои се наоѓаат во и надвор од Република Македонија.
Според ОМД, изборниот модел, бројот на изборни единици и бројот на пратеници треба да бидат донесени единствено како резултат на темелна испитаност на јавното мислење на граѓаните во Република Македонија и на тие кои по која било основа се наоѓаат надвор од Македонија.
Правото на глас на граѓанинот, соопштува ОМД, е загарантирано со Устав и во никој случај не смее да биде нарушено.
- Овие витални и клучни прашања за степенот на демократија во Република Македонија во никој случај не треба да се донесуваат преку договор на партиски лидери зад затворени врати. Типот на преговори и договори од примерот на Пржинскиот и Охридскиот кои не се резултат на испитано јавно мислење и собраниска дебата, не се во добробит на македонското општество и само му го намалуваат неговиот демократски капацитет, соопштуваат од ОМД.
Посочуваат дека се на располаѓање на македонскиот народ, на законодавната и извршна власт, на македонската интелегенција, на политичките партии и невладиниот сектор, и на сите останати релеванти фактори во државата и во светот, за соработка и дебата по ова прашање.
Повикуваат сите општествени фактори со сериозност да ја разгледаат нивната студија од 18 ти август која, како што наведуваат, го рефлектира ставот и мислењето на најголемата организација на македонското иселеништво и Македонците во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени