Џет-Сет
7. December 2017 - 21:44

Оливер ги откажа концертите, лекарите загрижени за неговото здравје

Пејачот Оливер Драгоевиќ е приморан да ги откаже најавените концерти поради здраствени причини. 
 
- Драгоевиќ е присилен поради здраствени причини да ги откаже сплитските концерти на кои многу се веселеше. Оливер, како што веќе јавноста знае, се бори со тешката болест и поради тоа ќе се откажат концерите  се до завршетокот на лекувањето, се наведува во соопштението од тимот на славниот пејач од Сплит на кого  летово му беше дијагнстициран ракот на белите дробови.