Оливер Андонов во работна посета на СВР Куманово
Началникот на СВР Куманово денеска не го пречека дополнителниот заменик министер Оливер Андонов при неговата посета на полицијата. Во отсуство на началникот, информациите за безбедносната состојба во кумановско и сите останати активности на секторот за внатрешни работи Андонов ги доби од заменик началникот на полицијата Моме Јакимовски.
- Убеден сум дека наводните денешни неодложни обврски на началникот на СВР Куманово поставен од привремениот министер Спасовски не беа толку неодложни да не биде тука за да се видиме и поразговараме за безбедносната состојба од интерес на граѓаните на РМ. Ова само покажува кои се тенденциите и со што се за жал ќе се сретнуваме во идниот период до формирањето на политичката владата во РМ, изјави Оливер Андонов, дополнителен заменик министер за внатрешни работи
И Андонов, како и Спасовски вчера потенцираше дека безбедносната состојба во државата е стабилна, а доколку земјата биде зафатена од најавуваниот втор мигрантски бран од северноафриканските земји, државата како и досега успешно ќе се справува со мигрантската криза.